Средба на директорот на Фондот на пензиското осигурување, Никола Мемов со Мисијата на ММФ

Од:

Директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов денеска имаше средба со мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава, предводена од шефот на мисијата Анет Кјобе.

Мемов нагласи дека Фондот минатата година ја завршил согласно предвидените параметри, а пензиите се редовно исплаќани. Тој додаде дека се прибрани повеќе средства по сите основи, а буџетскиот дефицит изнесувал 36.7 проценти и е помал, споредено со претходните години.

Претставниците на ММФ се интересираа дали во проекциите на буџетот за оваа година се предвидени доволно пари за исплата на зголемените пензии и предвиденото усогласување или тоа ќе се направи со ребалансот на буџетот во јуни.

Директорот на Фондот, Мемов кажа дека зголемувањето на пензиите од 2500 денари во март, како и усогласувањето во септември кое се очекува да биде помеѓу три и четири проценти, се предвидени во буџетот на Фондот за 2025 година.

Шефот на Мисијата, Анет Кјобе нагласи дека разговорите во Фондот се исклучително плодни и ќе придонесат во нивните размисли за идните предлози за подобрување на ситуацијата со пензискиот систем.

Во однос на тоа дали треба или не да има промени во пензискиот систем, директорот Мемов рече дека Фондот ги применува политиките на владата, а идеите за подобрување треба да произлезат со дискусија на сите засегнати страни. Мемов нагласи дека ММФ со своето искуство може да придонесе во подобрувањето и консолидацијата на буџетот со нивни предлози, кои не мора да се однесуваат само на зголемување на старосната граница и на стапката на придонеси.

Членовите на Мисијата исто така рекоа дека во рамките на оваа посета ќе имаат презентација за состојбата во пензискиот систем, со точна проекција на трошоците и со сугестии каде и како може да се направат заштеди, како и компаративна анализа со земјите од регионот.

Двете страни на крајот изразија задоволството од остварената средба и надеж дека идната соработка ќе биде на обострано задоволство.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Сојузот на здруженија на пензионери , Промедика Офталмологија и Систина Офталмологија

СДСМ: Мемов и ЗНАМ се против чистењето на депониите и ѓубрето, очајни обиди за негативна кампања

Мемов: Разоткриени лагите и манипулациите на градоначалникот на СДСМ во Општина Центар, Горан Герасимовски

Горан Наумовски

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Мемов: Дали Газменд Максимовски кандидат за советник од СДСМ, добил бесправно одобрение за градба на улица Самоилова?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: Генерал Горанчо Котевски, поранешен Началник на Генералштабот на АРМ за носител на Советничката листа за град Скопје