Средба на Димитров со Синдикатот на Македонската дипломатска служба

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров по денешното преземање на функцијата имаше средба со проширениот состав на Извршниот одбор на Синдикатот на Македонската дипломатска служба. Како што соопшти МНР, Димитров изразил почит и благодарност за храброста и повеќегодишните напори на Синдикатот во одбрана на професионализмот на дипломатите на Република Македонија.

– Нагласувајќи дека и самиот професионален дипломат, кој на овој начин се враќа во Министерството, тој акцентот го стави на натпартискиот карактер на Министерството и сочувувањето на интегритетот, не само на Министерството, туку и на сите дипломати, соопшти МНР.

Целта, рекол Димитров, е достоинствено, но и квалитетно да ја претставуваме сите заедно Република Македонија во странство. – Едновремено, да бидеме и првиот сегмент во преносот на добрите практики и квалитетните достигнувања од странство во Република Македонија, истакнал Димитров.

Новиот шеф на македонската дипломатија изразил отвореност за соработка и заемна помош со Синдикатот со што, смета, ќе се врати професионализмот и дигнитетот на професијата, но и Министерството ќе си ги поврати својата позиција и својот повеќедецениски углед како Министерство за надворешни работи на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија