Средба на црногорскиот амбасадор Митровиќ со градоначалничката на Битола Петровска

Од:

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска денеска се сретна со амбасадорот на Република Црна Гора во Република Македонија Предраг Митровиќ со кого договорија интезивирање на соработката во областа на културата и економијата.

Двајцата соговорници потврдија дека соработката на Битола со градовите од Црна Гора е континуирана и треба да се зголеми.

– Можностите за културна и соработка во областа на туризмот се големи. Првата можност за директна соработка ќе ја искористиме на претстојното Битолско културно лето на кое очекуваме да настапат уметници од Црна Гора. Во наредниот период, нашата заедничка цел е да лобираме за подобра инфраструктурна поврзаност и на тој начин очекуваме уште поголеми ефекти во меѓусебната соработка, изјави градоначалничката Петровска по средбата со црногорскиот амбасадор.

Црна Гора и Македонија немаат отворени политички прашања и тоа е добра платформа за нашите идни активности, нагласи амбасадорот Митровиќ за време на средбата со Петровска.

– Соработката ќе ја зголемиме и интезивираме во сферата на економијата и културата, и во таа смисла очекуваме градоначалничката да биде гостин во Херцег Нови или некој друг црногорски град. Во наредниот период ќе ги докажеме нашите заеднички намери со конкретни примери, посочи Митровиќ.

За време на престојот и посетата на Битола, амбасадорот Митровиќ беше придружуван од почесниот конзул на Црна Гора во Битола, Миодраг Андријашевиќ.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски