Средба на Царовска со претставници на СОНК за двосменското работење на градинките

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со претставници на СОНК со кои меѓудругото разговарала и за двосменското работење на јавните установи за деца – детските градинки.

На средбата, како што соопштија од МТСП, министерката Царовска го информирала претседателот на СОНК Јаким Неделков дека ќе продолжи усогласувањето на коефициентите на плати за вработените во детските градинки, како и оти согласно член 1 од Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа Mинистерството испратило допис до детските градинки, со кој ги информирало за потребата од двосменско работење.

– Двосменското работење подразбира дека децата и натаму ќе се згрижуваат како и до сега од 5:30 часот наутро и до 21:30 часот навечер (согласно новата одлука). Ова е потребно бидејќи институциите ќе отпочнат со двосменско работно време со што се наметнува потребата да се обезбедат услови за родителите коишто ќе работат во две смени да има кој да ги згрижува нивните деца, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму сметаат дека Јавните установи за деца кои во својот состав имаат повеќе објекти и групи во други просторни услови, двосменското работење и првата работна сабота во месецот може да го организираат во еден или повеќе објекти, согласно со потребата на децата и родителите. За да се направат реални проценки, до градинките е доставен и анкетен лист за секој родител, со кој ќе се утврди потребата од воспоставување двосменско работење и прва работна сабота во месецот.

МТСП укажува дека децата ќе се згрижуваат во текот на денот согласно потребите на родителите.

Досега 4 градинки веќе работат двосменски, а уште 6 други пројавиле интерес за двосменско работење, односно ја потврдиле потребата од воведување втора смена.

На денешната средба на претставниците на СОНК им било укажано дека Министерството во соработка со локалните самоуправи во Република Македонија, работи во насока на подобрување на генералната состојба на опфатот на деца во градинки, како и на подобрување на состојбата со вработениот кадар.

– Во таа насока, МТСП е свесно дека е евидентна потребата од проширување на капацитетот на установите кои згрижуваат деца, како и потребата за отворање нови градинки, а вклучително на тоа и потребата од вработување на кадри во градинките и затоа треба заеднички да го решаваме ова прашање за да се надминат проблемите со кои се соочуваат голем број родители низ државата, како во урбаните така и во руралните средини, се посочува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски