Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами приружуван од членот на претседателството Кастриот Реџепи, го пречека во пријателска средба Амбасадорот на Италија неговата екселенција г-динот Карло Ромео.
За време на средбата се разговараше за политичката актуелност во земјата особено за реформите во законодавноста како предуслов за евро-атланските интеграции. Истотака една од темите беше и проширување на владината коалиција и учеството на Движењето Беса во новиот состав.
Претседателот Касами ја повтори посветеноста на Движењето Беса за допринос во овие реформски процеси како што и до сега придонеле пратениците во собранието.
Прашањето за името како една од пречките во интеграцијата на земјата има потреба за што побрзо решение, особено сега после деблокирањето на разговорите со Грција.
Претседателот Касами исткна дека е многу важно овој процес са биде што по инклузивен вклучувајќи ја и опозицијата на албанските партии во земјата со Движењето Беса како четврта поголемина партија во земјата.
Двете страни се согласија дека средбите и соработката треба да продолжат и во иднина.