Средба на Ахмети со претставници на Директоратот за Западен Балкан во СЕ

Од:

Директорот и заменик директорот на Директоратот за Западен Балкан во Советот на Европа Јонас Јонсон и Теркел Петерсен денеска во Тетово се сретнаа со претседателот на Семократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети.

Според соопштението од ДУИ, Ахмети ги информирал соговорниците за неговите посети во Атина, Софија,Тирана, Берлин и САД и за разговорите со посрединикот на ООН за прашањето за името Метју Нимиц. Истакнал дека регионот има потреба од оддржливи политики, дијалог, компромис и помирување.

– Истовремено, Ахмети побара директен ангажман од Европската Унија во решавањето на прашањето со името затоа што овој спор не е билатерален проблем, туку бара максимална ангажираност на меѓународната заедница, по примерот на Косово и Србија, се вели во соопштението.

Претставниците на ЕУ, според соопштението, нагласиле дека агендата на Брисел за регионот е охрабрувачка што ги вклучува и односите помеѓу Косово и Србија, напредокот на Албанија и Црна Гора, како и политичкиот дијалог во Босна, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче