Средба Муцунски-Сијарто на министерскиот состанок на ОБСЕ во Виена

Од:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со неговиот унгарски колега Петер Сијарто, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Виена.

– Изразивме задоволство од динамичната билатерална соработка и континуираниот политички дијалог на високо ниво, како и од широката секторска соработка и меѓусебната поддршка во различните мултилатерални формати. Потврдивме и дека во претстојниот период двете држави ќе продолжат посветено да работат на натамошно интензивирање на оваа соработка, објави Муцунски на Фејсбук.

Тој во објавата наведува дека го поздравиле одржувањето на петтата седница на Мешовитата комисија за економска соработка меѓу двете држави минатиот месец, а разговарале и за актуелните случувања во регионот и Европа, партнерството во рамките на НАТО, процесот на членство во Европската Унија, како и за значајната поддршка што Унгарија ја обезбедува на овој пат.

Муцунски на состанокот во Виена ќе има неколку обраќања на теми од поширок заемен интерес во светло на сложениот безбедносен контекст со кој се соочува регионот на ОБСЕ.

Покрај учеството на Министерскиот совет, агендата на министерот при посетата на Виена вклучува и учество на состанокот на „Пријателите на Западен Балкан“, во организација на австриското МНР. На овој состанок ќе учествуваат високи претставници од земјите-членки на групата и државите од Западен Балкан, како и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас.

Во рамките на посетата на Виена, Муцунски ќе оствари средба и со Здружението на индустријалци на Австрија, каде ќе бидат претставени новите можности за економска соработка.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Брисел ја блокира евтината руска енергија од идеолошки причини

ВИДЕО: Протече снимка од телефонски разговор меѓу Лавров и Сијарто

Катерина Ѓуровски

Сијарто: Прислушувањето на мојот телефон е скандалозно мешање во изборите

Муцунски на средба со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

А1он

Муцунски: Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски