Средба Могерини – Џафери: Улогата на спикерот треба да биде над партиските и етничките интереси

Од:

Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, денеска се сретна со Талат Џафери, новоизбраниот претседател на македонското Собрание, во рамките на неговата прва посета на Брисел, соопштија од канцеларијата на Могерини.

– Во дискусијата, високата претставничка ја повтори острата осуда на Европска Унија на минатонеделното насилство во Собранието кон пратениците и новинарите. Таа го поздрави изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието од страна на парламентарното мнозинство, истакнувајќи дека тоа е улога која треба да биде над партиските и етничките политики. Европската Унија е подготвена да соработува со него, со Собранието и со сите други институции за спроведување на реформските приоритети, како и за имплементацијата на Договорот од Пржино, истакнала Могерини.

Таа нагласила дека Европската Унија очекува сите политички партии конструктивно да се вклучат во политичкиот процес, во формирањето на владата, како и во работата на новото Собрание.

Би можело да ве интересира

Џафери: Се врши изборен инжeнеринг за менување на соодносот на силите во Собранието

Предраг Петровиќ

Џафери: Ги поддржуваме поставените темели во новиот акциски план за заедничкиот регионален пазар

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

Орце Костов

Џафери гласал и на претседателските избори

Катерина Ѓуровски

Џафери: Убеден сум дека ќе ги отстраниме предрасудите дека Албанците не можат и не знаат

Катерина Ѓуровски