Средба Милевски – Гончарук

Од:

Денес, претседателот на Либерално-демократската партија и претседател на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Врховната Рада на Украина, Горан Милевски, се сретна со амбасадорот на Украина во Република Македонија, Н.Е. Г-дин Јуриј Гончарук.

Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, а со цел меѓусебно запознавање по стапувањето на пратеникот и претседател на ЛДП, Горан Милевски на функцијата претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Украина.

Горан Милевски се заложи за интензивирање на соработката на двата парламенти, при тоа нагласувајќи дека тој, лично ќе се ангажира за ефективно продлабочување на односите и соработката, која во моментот стагнира од разни објективни, но и субјективни причини.

Истовремено, претседателот на ЛДП го информираше амбасадорот за актуелната политичка ситуација во РМ како и за позициите на ЛДП како член на опозицискиот блок во Собранието на РМ. Амбасадорот пак од своја страна информираше за состојбите во Украина. И двацата соговорници се согласија дека односите помеѓу Украина и Македонија се одлични и дека тие треба и понатаму да се негуваат и унапредуваат во духот на пријателство и взаемна почит.

 

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство