Средба Милески – Алтхаузер

Од:

Претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски заедно со Ѓорѓи Аврамчев, претседател на Дипломатскиот совет на партијата, денеска се сретнаа со амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Кристине Д. Алтхаузер.

Како што соопшти ЛДП, на средбата која е по повод стапувањето на Милевски на функцијата претседател на партијата, амбасадорката Алтхаузер беше информиран за ставовите на ЛДП во врска со актуелната политичка состојба во Македонија како и за можните излезни решенија од истата.

– Претседателот на ЛДП се заложи за интензивирање на соработката со Амбасадата на СР Германија, при тоа нагласувајќи дека ЛДП има одлична соработка со Партијата на слободните демократи од Германија, како и со германската фондација за слобода, Фридрих Науман, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ЛДП: За два дена над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените!

А1он

ЛДП бара електронски алки за следење на насилниците, Зајкова повика на потпишување петиција

Катерина Ѓуровски

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“