Средба меѓу СДСМ и партијата Бошњачки демократски сојуз: Постои добра основа за соработка меѓу двете партии

Од:

Делегација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, предводена од претседателот Зоран Заев, вчеравечер оствари средба со делегација на ново регистрираната партија Бошњачки демократки сојуз, предводена од претседателот Мунир Колашинац.

На средбата беа изразени намери за понатамошна соработа помеѓу двете партии базирана на своите политички принципи, вредности и заложби за заеднички придонес во развојот на современо, економски напредно, демократско, слободно, праведно и фер општество на еднакви граѓани.

Тргнувајќи од програмските цели и политики заеднички беше оценето дека постои добра основа за соработка меѓи двете партии, во интерес на сите граѓани и на Република Македонија, како едно општество за сите.

– Нашите сограѓани Бошњаци имаат важен удел во градењето на Македонија како едно општество за сите. Забележлива е и подршката на интегративните процеси и развојот на Македонија како демократска држава, членка на НАТО и ЕУ. СДСМ, како двигател на концептот едно општество е горда што има членови од сите етнички заедници и што функционира во коалиција со повеќе партии меѓи кои има политички претставници на речиси сите помали етнички заедници. Дополнителна вредност ќе биде доколку оваа изразена желба за соработка продолжи и со донесување понатамошни одлуки за вклучување напартија којашто ги застапува интересите на бошњачката заедница во Македонија. Уверен сум дека процесот што започнува денеска ќе резултира со целосна и искрена соработка што секако ќе биде во интерес на граѓаните и на Република Македонија. – рече претседателот Заев.

Делегацијата на Бошњачкиот демократски сојуз го истакна задоволството од средбата и во разговорите ги потенцираше своите политички заложби за изнаоѓање на одредени институционални решениjа со кои ќе се подобри позицијата и статусот на Бошњаците во Македонија.

На крајот на средбата беше заклучено дека отворената можност за соработка меѓу двете партии, ќе биде разгледана во органите и телата на партиите.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар