Средба меѓу Министерот за правда, Билен Салији и Претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски

Од:

Министерот за правда Билен Салији, оствари средба со претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија, г. Пеце Грујовски.

На средбата, Грујовски, му се заблагодари на министерот за овозможената средба и истакна дека е потребно заеднички да организираме работна средба во врска со реализирањето на заклучоците кои произлегоа од претходната средба во Влада.

Министерот за правда, г. Билен Салији, во текот на средбата го увери Грујовски дека Министерството за правда е отворено за соработка со УПОЗ во однос на подобрување на условите на вработените кои се под надлежност на Министерството за правда.

Министерот исто така го извести претседателот на УПОЗ дека сите правосудни сектори во Република Македонија се опфатени во Стратегијата за реформи.

Во текот на средбата и двете страни се согласија и во иднина да одржат состаноци, како и да се формира работна група во однос на подобрувањето на работните услови за сите вработени во правосудниот сектор.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on