Средба меѓу министерот Салији и комесарот Муижниекс

Од:

Денеска во просториите на Министерството за правда се оствари протоколарна средба меѓу Министерот за правда, Билен Салији и Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс.

Министерот Салији, му се заблагодари на Муижниекс за посетата и спремноста за континуираната помош што Советот на Европа му ја дава на Република Македонија.

Муижниекс изрази посебен интерес во воспоставувањето на независен механизам за надзор на полицијата, како иза Законот за амнестија.

Тема на дискусија беше и процесот на лустрација и извршувањето на пресудите на европските судови за човекови права.

Министерот Салији го увери комесарот Муижниекс дека Министерството за правда е отворено за секоја соработка и е подготвено да работи на подобрување на условите што треба да се усогласат со препораките што доаѓаат од Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on