Средба меѓу градоначалникот Мицевски и министеркaта Апостолска

Од:

По иницијатива на градоначалникот Борјанчо Мицевски денес беше реализирана работна средба со Mинистеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и претставници од Кабинетот на министерството, како и претсравник од Фондот за иновации и технолошки развој, Ирена Ѓорѓиевска.

На средбата се разговараше за зајкнување на линкот помеѓу бизнис секоторот, локалните и централните власти и креирање на капацитети за искористување на потенцијални можности на средства од различни извори и ИПА фондови.

Градоначалникот Мицевски особено се осврна на потребата за приближување на информациите за значењето и улогата на Фондот за иновации и технолошки развој, како една од институциите кои директно се поврзани со пристапот до финансиска поддршка за иновации и за технолошки развој и промовирање и поттикнување на иновациската дејност во Македонија.

Во таа насока претставникот од Фондот за иновации и технолошки развој,Ирена Ѓорѓиевска ги даде првичните информации за доменот на работата на овој Фонд, а на средбата со локалната бизис заедница, која се подоцна се одржа, ги претстави и конретните активности и мерки кои се во фокусот на работењето на фондот.

На средбата беше кажано, дека во моментов е активен Јавен повик за финасирање на предлог проекти за финансиска поддршка на мали и средни претпријатија, кој е објавен на официјалната веб страна Фондот за иновации и технолошки развој.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот