Средба меѓу Бочварски и АРМ, Здружена Оперативна Команда

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со АРМ, Здружена Оперативна Команда, на којашто присуствуваа командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски и началниците на секции. За време на средбата, градоначалникот ја презентираше Општина Штип и нејзините капацитети, додека бригадниот генерал Павле Арсоски зборуваше за присуството на АРМ на територијата на општина Штип, како и за соработката помеѓу АРМ и Општина Штип.

„Убаво е да се види како припадниците на Армијата на Република Македонија работат посветено, енергично и професионално ги применуваат своите знаења. Нивните знаења, вештини и искуства се она коешто ја прави нашата држава и граѓаните сигурна, безбедна и просперитетна.

Затоа Владата на Република Македонија и Министерство за одбрана прави се во насока на подобрување на условите кадешто работат припадниците на АРМ, онаму од каде ја заработуваат својата плата.

Како граѓани на Република Македонија треба да се гордееме што имаме ваква институција којашто работи во интерес на граѓаните, институција којашто често нѐ претставува во други држави во вистинско светло, институција којашто претставува мост до НАТО и ЕУ.

Во иднина ќе продолжиме да разменуваме искуства и взаемно да ги претставуваме институциите во кои работиме, секако меѓусебната координација ќе даде подобар резултат во општественото работење,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он