Средба Маричиќ – Јурова: Дигитализацијата на правосудството потребна како никогаш досега

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ утрово оствари онлајн средба со еврокомесарката за вредности и транспарентност Вера Јурова, на која дискутираше за клучните реформи во областа правда.

За време на разговорот, Маричиќ ги претстави преземените и планираните реформи во својот ресор и искажа надеж дека преговарачката рамка ќе биде усвоена во наредните неколку денови и дека во декември ќе ја имаме Првата меѓувладина конференција и почеток на преговорите со Европската Унија.

Маричиќ, како што соопшти Министерството за правда, воедно истакна дека е во интензивна комуникација со сите релевантни чинители од правосудството во дефинирањето на приоритетите и обезбедување на нивното учество во клучните реформи во областа правда, а дека засега тој процес се одвива добро, а и има позитивни повратни реакции. Министерот посебно потенцираше дека вклученоста на ЕУ во процесите во правда е од суштинско значење и ќе овозможат дополнителна вредност и кредибилност на реформите во правосудството.

Поради пандемијата, Маричиќ истакна и дека дигитализацијата на судството и обвинителството за ефикасно и ефективно постапување по предметите е потребна како никогаш досега, а дека поддршката од ЕУ за осовременување на правосудството ќе биде вистински катализатор на дигитализацијата, се со цел поефикасни судски процеси.

Еврокомесарката Јурова кажа Европската комисија е подготвена да помогне советодавно и финансиски за проекти кои се во насока на подобрување на транспарентноста и ефикасноста на правосудниот систем.

Дополнително таа изрази надеж дека кога ќе се создадат услови, имајќи ја предвид глобалната пандемија, ќе ја посети Северна Македонија и лично ќе се сретне со министерот Маричиќ со цел да се забрза соработката во областа на правосудството.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

A1on