Средба Маричиќ – Брнз: САД е силен сојузник во реформите за владеење на правото и градењето на силни и независни институции

Од:

Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната средба со американската амбасадорка Кејт Брнз истакнал дека очекува силна поддршка од Соединетите Американски Држави во исполнувањето на стратешките приоритети и реформите за владеење на правото, како и продолжување на силното партнерство.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за правда, Маричиќ се заблагодари за досегашната поддршка и потенцирал дека САД се значаен сојузник во процесот на градење силни и независни институции и реформи базирани на принципите на владеење на правото, заштитата на човековите права и борбата против корупцијата.

На средбата Маричиќ ја претстави својата мандатна мисија и потенцираше дека покрај членството на Република Северна Македонија во НАТО и зајакнување на безбедноста на државата, преостанува уште една стратешка определба за исполнување, а тоа е членството во Европската Унија, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Почина македонскиот амбасадор во Германија

Ана Ололовска

Османи во одбрана на Арифи: Таа е жртва на лажни вести, не била предлог за амбасадор, за во Брисел имало само размислувања

Кристијан Ландов

Назначени тројца амбасадори, меѓу нив и Фрчковски во Обединети нации

Ана Ололовска

ВИДЕО: Конзул преземен од детска градинка, амбасадор од фабрика за чоколади, Османи со анализа на упатените лица од 2006 година наваму

Маја Илиевска-Пачемска

Вашингтон очекува разјаснување од Анкара за протерувањето дипломати

Турција протерува 10 амбасадори: На удар и САД, Франција и Германија

Катерина Ѓуровски