Средба Ковачевски-Макрон: Македонија ја има француската поддршка за реализирање на европската агенда

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Премиерот му се заблагодари на францускиот Претседател за неговиот личен ангажман во процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата.

Соговорниците се согласија дека не смее да има одложување на процесот на евроинтеграции, и затоа, и овој пат нема да отсуствува поддршката од Франција и меѓународната заедница во натамошните етапи и предизвици на патот кон членство во ЕУ.

Претседателот Макрон ја поздрави одлучноста на Владата да работи на реализирање на европската агенда и потенцира дека на тој пат ќе продолжи да има силна и гласна поддршка на Франција.

Ковачевски и Макрон се согласија дека сега е момент да се направи јасен исчекор во пристапниот пат и да се овозможи успешно интегрирање на Северна Македонија во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за штрајкот на обвинителите: Вработените во јавните обвинителства не се во надлежност на Владата, но таа ќе стори се што може

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

Орце Костов

Законот за амнестија за помали кривични дела се очекува утре да се најде на седница на Влада, најави Ковачевски

Ковачевски: Зад инцидентот на Косово е нечија агенда со цел на регионот повторно да се гледа како на подрачје на судири меѓу соседите

Ковачевски – Штајнер: Поддршка од ОН за Северна Македонија како регионален центар на зелена енергија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачевски – Ескобар: Европскиот пат на Северна Македонија е силно поддржан од САД