Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска оствари средба со Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија. На средбата се разговараше за економскиот амбиент во државата, за заштита на интересите на бизнис заедницата како и поддршка на приватниот сектор.
Ковачевски на средбата истакна дека изминатите години, Владата и бизнис заедницата во земјата интензивно работеа на конципирање на барањата на стопанството и голем дел од нивните предлози и барања беа вметнати во владини мерки, како и во законски регулативи.
Соговорниците истакнаа дека изминатиов период континуирано се соочуваме со кризи, светсктата економско енергетска криза, пред тоа пандемијата, но со правилни економски политики, економијата се одржа ликвидна, стопанството е активно, се отвораат нови работни места, растат платите, пензиите, има инвестиции и во услови на криза.
– Политичката стабилност, е предуслов за економска стабилност и раст и во време на најголема криза, истакна Ковачевски на средбата и додаде дека над 2 милијарди евра само во изминатите 3 години се насочија кон граѓаните и компаниите, толку голема финансиска поддршка од државата никогаш досега немало.
Ковачевски на средбата истакна дека СДСМ, за претстојните парламентарни избори е во завршна фаза на новата Програма, за мандатот 2024-2028 година, која предвидува многу нови мерки и политики, стабилен и предвидлив економски амбиент, економски раст, повеќе инвестиции, отворање нови и добро платени работни места како и унапредување на севкупните економски односи во државата.