Средба Кирацовски -Тимоние: Преку имплементација на реформските приоритети до позитивна препорака за членство

Од:

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски, денеска, во Собранието на РМ, се сретна со амбасадорот на Република Франција во земјава, Кристијан Тимоние.

На средбата беше потврдена определбата за меѓусебна соработка и поддршка на реформските процеси во Република Македонија, во интерес на граѓаните.

Се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите од Планот 3-6-9, и можноста, преку имплементација на реформските приоритети да се обезбеди позитивна препорака за почеток на преговори за членство во Европската Унија.

Двајцата соговорници разговараа и за подобрување на функционалноста на Собранието на Република Македонија, како и за унапредување на политичкиот дијалог, кој е неопходен за демократските процеси во земјата.

Во однос на унапредувањето на односите меѓу Република Македонија и Република Франција, амбасадорот Тимоние најави дека во следниот период Франција ќе се посвети на поттикнување на иновациите и науката во Република Македонија, преку создавање Научна – програма за иновации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски