Средба Груевски-Жбогар: Македонија предолго е надвор од европските процеси

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членот на Извршниот комитет, Никола Тодоров оствари средба со амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.

На средбата се разговараше за актуелните предизвици, моменталната политичка состојба и европските интеграции на Република Македонија.

Груевски посочи дека членството во Европската Унија преставува стратешки интерес за државата, како и исполнувањето на високите критериуми потребни за напредок на интеграциските процеси.

Тој истакна дека државата премногу долго е надвор од европските процеси, и е потребно заложба за валоризирање на досегашните реформи, напори и достигнувања кои се направени на планот на интеграциите.

Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има проактивна улога во евроинтеграцискиот процес, дека ќе ги подржува понатамошните реформи кои се важни за членството во ЕУ, но и ќе внимава под плаштот на реформите СДСМ да не се обиде да протне решенија кои не се добри за државата и граѓаните од било кој аспект.

ВМРО-ДПМНЕ посочи и на растечката тенденција за целосна партизација на медиумскиот сектор по доаѓањето на власт на СДСМ, преку политичко судски прогони и заплашувања, притисоци преку СЈО и други форми на втерување страв и цензура или автоцензура на сопствениците на медиумите, уредниците и новинарите, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ