Груевски-Борисов: Унапредување и интензивирање на односите меѓу Македонија и Бугарија

Од:

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Никола Груевски и Бојко Борисов на денешната средба во Скопје се заложиле за продлабочување, унапредува и интензивирање на односите меѓу двете земји. Двете влади се примарно насочени кон генерирање позитивен моментум со цел европеизација и стабилизација на регионот.

Во заедничкото соопштение лиферувано вечерва се наведува дека Груевски и Борисов ги поздравија односите помеѓу двете земји, и истакнаа силна посветеност за нивно продлабочување, унапредување и интензивирање на секое поле од взаемен интерес, и заложба за надминување на сите предизвици во духот на европските вредности.

Беше истакната посветеноста за унапредување на политичкиот дијалог, и интензивирање на средбите на високо ниво. Од големо значење е испраќањето на позитивни пораки во јавноста со што се придонесува во надминувањето на стереотипите и се јакне амбиентот и духот на соработката, се вели во соопштението.

Владите се примарно насочени кон генерирање позитивен моментум со цел европеизација и стабилизација на нашиот регион. Добрососедството, како што се наведува во соопштението, треба да се надградува и дефинира како искреност и посветеност во реализацијата на практичните дела.

Република Македонија и Република Бугарија ја споделуваат визијата за регионот, целосно интегриран во европските и евроатланските структури, а во овој процес поддршката од соседите е есенцијална.

На средбата, како што се посочува, биле опфатени темите околу постигнување на понатамошен напредок во врска со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и иницијативите од заеднички интерес.

Одржување на заедничка седница на двете Влади е двостран интерес и потреба, и можност да ги постави основите и за уште посодржајна соработка во доменот на економијата, енергетиката и инфраструктурата, се вели во заедничкото соопштение.

Била изразена согласност и во тековното тромесечје и на подолг рок, да се интензивира соработката и да се зајакне меѓусебната доверба, преку реализација на практични проекти од образованието, културата, економијата, евроинтеграцискиот процес, здравството, инфраструктурното поврзување, енергетиката, транспортот, животна средина.

На средбата била акцентирана потребата за зголемување на економската соработка, за која има голем потенцијал за иден развој, зголемување на трговската размена, и динамична соработка на полето на инвестициите, при што инвеститорите од една земја се добредојдени и очекувани за инвестиции во другата земја, и обратно. Во таа насока од особено значење е почетокот на работата на Мешовитиот комитет за економска соработка.

Двете страни се фокусирани на реализирање на проектите од Коридорот 8, со акцент на железничката и автопатската линија Софија – Скопје, со партнерски пристап. Од особено значење е прекуграничната соработка и ефикасно користење на европските фондови, преку реализација на повеќе практични проекти од ИПА компонента.

Отворањето на граничниот премин „Клепало’’ (Берово-Струмјани), ќе придонесе кон подобрување на животниот стандард во пограничните региони од двете страни, се наведува во заедничкото соопштение по средбата на премиерите Груевски и Борисов.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов