Средба Џафери-Пломп

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се сретна со холандскиот амбасадор во Македонија Вилем Ваутер Пломп.

На средбата амбасадорот Пломп упатил честитки за изборот на функцијата на Џафери и ја пренел пораката за подготвеноста на холандската Влада и конкретно на Парламентот за широка соработка со институциите на Република Македонија и продолжување на сите започнати проекти меѓу двете држави, соопшти службата за информирање на Собранието.

Џафери го информирал Пломп за актуелната состојба во Собранието и активностите кои следат во однос на меѓународната соработка, како формирањето на делегациите во меѓународните организации и групите за билатерална соработка.

– Соговорниците разменија мислења и за формите за поголема транспаретност и видливост на Собранието, односно подобро запознавање на граѓаните со работата на законодавниот дом. Притоа, беше нагласена и потребата за поголема вклученост на експертите во работата на собраниските комисии, како можност која ја дава Деловникот за работа на Собранието, со цел тие да придонесат за донесување поквалитетни законски решенија, се вели во соопштението.

Џафери и Пломп изразиле уверување дека успешната билатерална соработка ќе продолжи и ќе се прошири во иднина.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска