Средба Џафери-Грабар Китаровиќ: Влезот во ЕУ и НАТО помага во градењето стабилна држава

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со г-ѓа Колинда Грабар-Китаровиќ, претседателка на Република Хрватска, која престојува во официјална посета на Република Македонија.

На средбата присуствуваа и г-ѓа Даниела Рангелова, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска и членовите на Групата, пратеничките г-ѓа Бети Рабаџиевска-Наумовска, г-ѓа Шпреса Хадри и г-ѓа Теута Биљали.

Претседателот на Собранието, г. Џафери, на почетокот на средбата изрази задоволство од извонредните и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска. Истакна дека особено се цени фактот што Република Хрватска силно ја поддржува нашата земја во евроатланските интеграции, кои очекуваме да ги финализираме со полноправно членство во НАТО на претстојниот Самит на Алијансата.

Џафери ја запозна својата соговорничка дека покрај реформските процеси во евроатлантските интеграции, особено по позитивниот извештај од Европската комисија кој ја содржи безусловна препорака за почеток на преговорите, Собранието посветено работи и на планот на балансиран дијалог меѓу власта и опозицијата во донесувањето на стратешки важните закони.

Претседателот на Собранието ја потенцираше важноста од натамошна заемна поддршка во мултулатералните и регионалните организации, бидејќи потребна е континуирана посветеност во негувањето на добрите билатерални односи со конкретни дејства. Во однос на економската соработка, претседателот Џафери подвлече дека истата треба и натаму да се унапредува, особено во делот на туристичката соработка, која е традиционална меѓу населението во двете држави.

Госпоѓата Грабар-Китаровиќ се заблагодари на средбата и изрази задоволство што изминатава година е постигнат огромен напредок во демократскиот развој на земјата. Во однос на севкупната евроинтеграција на земјата ги сподели хрватските искуства на тој план и особено го истакна значењето на Парламентот во процесот на претпристапните преговори, како и важноста на конструктивен пристап кон процесот и од страна на опозицијата. Ја подвлече улогата на НАТО и Европската Унија во градењето на стабилна држава, во која странските инвеститори секогаш ќе имаат интерес да вложуваат, што натаму ќе доведе до развој на целата држава во целина. Особено го изрази задоволството од високиот процент на жени-пратеници, што споредено со Хрватска, е речиси двојно поголем.

Хрватската претседателка истакна дека Република Македонија има искрен и силен пријател во Република Хрватска која и понатаму ќе ја поддржува во нејзините напори што побрзо да стане полноправна членка на Европската Унија и НАТО.

Џафери и членовите на Групата за соработка ја запознаа хрватската претседателка со своите активности на планот на промовирањето на што поголемо учество на жените во политиката, со акцент за натамошно зголемување на бројот на жените во извршната и локалната власт. Истакнаа дека без разлика на политичката идеологија, заедно и посветено работат на реформската агенда на евроинтеграција на Република Македонија и ја изразија подготвеноста за натамошна поинтензивна соработка со своите колеги во хрватскиот Сабор.

Соговорниците споделија видувања и за искористувањето на моментумот на позитивни сигнали во процесите на решавањето на прашањето за името, добивањето датум за преговори за членсво во Европската Унија и полноправно членство во НАТО на претстојниот Самит на Алијансата.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ