Средба Џафери – Давутоглу

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска оствари средба со поранешниот претседател на 62, 63 и 64-та Влада на Република Турција и пратеник од Конја, Ахмет Давутоглу.

Како што соопштија од собраниската служба за информирање, од двете страни било изразено огромно задоволство од севкупните македонско-турски политички односи кои, како што посочиле, се на највисоко моќно ниво и се во духот на традиционалното пријателство, меѓусебното разбирање, толеранција и активна соработка.

Соговорниците нагласиле дека веќе воспоставените и интензивни односи отвораат простор за уште поинтензивна економска соработка. Република Турција е значаен трговски партнер на Република Македонија, а соработката меѓу двете земји на сите полиња е исто така успешна, окарактеризирана со позитивен тренд и континуитет.

Соговорниците се согласиле дека покрај цврстото пријателство и плодната соработка, двете земји ги поврзуваат тесни историски и културни врски и оти дополнително, добрите и пријателски односи меѓу двете земји се пресликани и во плодната парламентарна соработка, на билатерално ниво, меѓу Собранието на Република Македонија и Големото национално собрание на Република Турција, но и на мултилатерално ниво, во рамките на меѓународните парламентарни собранија.

На средбата била изразена благодарност за доследната и конструктивна поддршка на Турција и за солидарноста со Македонија во рамките на евроатланските интеграции.

– Осврнувајќи се за нашата стратегиска определба, Џафери нагласи дека особено е важна отворената и силна поддршка на Република Турција за интеграција на Република Македонија во НАТО, како и принципиелните ставови на Република Турција во однос на употребата на уставното име на нашата земја, се вели во соопштението од македонското Собрание.

Соговорниците изразиле и надеж дека добрата соработка меѓу двете земји ќе продолжи и понатаму.

Би можело да ве интересира

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

Вечерва продолжува собраниската расправа за именување на Славески за гувернер на Народна банка