Средба Димитров – Дезир

Од:

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите (ПСМ) – Арлем Дезир, кој престојува во прва посета на Република Македонија во овој капацитет, денеска беше примен од министерот за надворешни работи Никола Димитров.

На средбата, министерот Димитров ја пренесе посветеноста и решеноста на Владата да се подобрат состојбите од минатото во една од клучните области од значење за демократизација на земјата. Во таа смисла, Министерот поконкретно ги образложи најновите и претстојните преземања согласно Акцискиот план 3-6-9, но и надвор од него, за подобрување на општата клима и состојбите во сферата на медиумските слободи. Посебен акцент во тој контекст стави на мерките за ослободување на медиумите од политички и институционални влијанија и притисоци, за обезбедување финансиска независност, како и за професионализација на јавниот радио – дифузен сервис. Воедно ги истакна и чекорите во насока на зголемување на транспарентноста и достапноста на информации од јавен карактер, промоција на духот на јавни, инклузивни и аргументирани дебати, како генерално така и при носење на новата законска регулатива.

ПСМ Дезир изрази задоволство од текот на посетата, како и заложбите и досегашните чекори преземени во земјата во насока на подобрување на состојбите во медиумската сфера, охрабрувајќи да се продолжи во таа насока. Меѓу другото, поконкретно го запозна Министерот со своите видувања околу планираните законски измени во областа на аудио и аудио – визуелни медиумски услуги, издвојувајќи го генерално позитивниот став и изнесувајќи поконкретни совети. Исто така беа разменети мислења и во однос на преземања од значење за безбедност на новинари, расчистување на минати случаи поврзани со нападот врз новинари, говорот на омраза, како и феноменот на лажни вести. ПСМ Дезир изрази и подготвеност да поддржи организирање на ОБСЕ настани во Република Македонија на кои би биле адресирани актуелни феномени и предизвици од значење за слободни, професионални и независни медиуми, како на локално така и на глобално ниво.

Соговорниците заемно констатираа дека одговорноста за сите општествени чинители е голема во потребата да вложат напори за надминување на предизвиците и да овозможат средина за нормално медиумско функционирање, што е од исклучителна важност за контрола на моќта и развојот на едно здраво демократско општество.

Би можело да ве интересира

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време