Средба Богдановиќ-УПОЗ: Вработените во општина Центар ќе ги уживаат сите права од работен однос

Од:

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ денеска оствари средба со Пецо Грујовски, претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ).

Богдановиќ го искажа своето задоволство од средбата и јасно и искрено посочи дека како градоначалник, согласно законските прописи, ќе се залага вработените во општината да ги уживаат сите права од работен однос.

За таа цел договорено е правата и обврските на вработените да бидат регулирани со Колективен договор.

Со овој Колективен договор, кој по усогласувањето ќе биде потпишан, ќе се уредуваат, во согласност со закон, правата, обврските и одговорностите на договорните страни, а особено склучувањето, содржината и престанокот на договорот за вработување и други прашања од работните односи \, како и начинот и постапката за решавање на меѓусебните спорови

Со овој Колективен договор не можат да се утврдат помали права или понеповолни услови за работа од правата, односно условите утврдени со Закон.

Во посебен дел ќе бидат предвидени правата на членовите на Синдикатот.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски