Средба Бочварски-Бејли

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли.

На средбата градоначалникот и амбасадорот разговараа за текот на настаните околу преземањето на локалната власт во Штип, при што градоначалникот информираше дека и покрај лошата финансиска состојба во којашто ја затекнал општинската каса, платите за вработените во локалната администрација беа исплатени во законски предвидениот рок.

Градоначалникот Бочварски го информираше амбасадорот Бејли дека во рок од неполн месец, Општина Штип обезбеди 16 милиони денари парични средства за изградба на детска градинка, којашто ќе биде прва детска градинка изградена во градот во изминатите триесет години.

Во текот на средбата се разговараше за тековната работа на Општината, за можностите и перспективите коишто Општина Штип ќе им ги обезбеди на младите, како и за предвидените проекти со коишто ќе се подобрат условите за живот на сите граѓани.

На крајот од средбата, градоначалникот на Општина Штип, Бочварски, му додели на амбасадорот на САД, Бејли, плакета во знак на благодарност за дадениот придонес за враќање на демократските вредности во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници