Средба Бен Валас-Шекеринска во Лондон: Добродојдовте во НАТО!

Од:

Добродојдовте во НАТО – и порача британскиот министер за одбрана Бен Валас на министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата во Лондон.

Средбата , како што соопшти Министерството за одбрана, се реализира во пресрет на Лидерскиот самит на НАТО – Алијансата каде прв пат нашата држава активно учествува на состанок на шефовите на држави и влади на земјите – членки.

– Ги цениме бргу завршениот процес за ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО и континуираната британска поддршка на одбранбените реформи. Нашиот фокус ќе биде развојот на способности и капацитети како членка на НАТО, рече министерката Шекеринска и додаде дека во споредба со 2017 буџетот за одбраната е дуплиран, а над 20 отсто од буџетот за 2020 е наменет за опремување и модернизација на Армијата.

Министерката Шекеринска кажа дека преку интензивната советодавна помош од страна на Обединетото Кралство, со повеќе советници во доменот на одбранбените реформи и трансформацијата на Армијата, Северна Македонија успешно го спроведе пристапниот процес во НАТО.

Британскиот министер за одбрана, Валас изрази задоволство од фактот што Северна Македонија е пред последниот чекор до полноправно членство во НАТО. Тој рече дека Обединетото Кралство силно ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата и е подготвено да ја даде сета потребна поддршка во развојот на подофицерскиот кадар и во обуката на Лесната пешадиска баталјонска група.

Северна Македонија и Обединетото Кралство се вистински сојузници во Алијансата, пријателски земји кои имаат исклучително развиена и одбранбена соработка, се согласија министрите за одбрана на двете земји.

Интензивната одбранбена соработка помеѓу двете земји опфаќа голем број на полиња, вклучувајќи и школување на припадници на Армијата на најпрестижните воени школи во Велика Британија како Кралскиот колеџ во Лондон, Командно-штабниот колеџ во Шривенам, Универзитетот Кренфилд, Кралската воена академија Сендхрст и колеџот Кранвел.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени