Средба Бејта – Жерновски

Од:

Градоначалникот на Општина Гостивар, Невзат Бејта, денеска во својот кабинет го прими и разговараше со градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

На средбата двајцата соговорници разменија мислења за актуелната политичка ситуација во Република Македонија. Новата реформска Влада треба да ги направи сите неопходни чекори за демократизација на државата и за владеење на правото.

Коалициската Влада, се согласија Жерновски и Бејта, ќе работи на создавање услови за економски просперитет на сите граѓани, без разлика на етничка,верска и партиска припадност, како и за рамноправен развој на сите општини во државата.

Градоначалниците Бејта и Жерновски ги разгледаа можностите и за заедничка соработка и заеднички проекти на општините Центар и Гостивар, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ