Средба Ангелов – Брнз: Тим од Шумската служба на САД ќе пружа поддршка во справување со пожарите

Од:

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов попладнево во ЦУК оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз.

Целта на средбата, како што информираат од ЦУК со објава на фејсбук-профилот, била претставувањето на тимот од Шумската служба на САД, којшто како поддршка од УСАИД на националните напори за справување со шумските пожари, во наредните две недели ќе пружи поддршка на субјектите и на ЦУК на стратешко и тактичко ниво, но и ќе се програмираат активности за понатамошна соработка.

Од ЦУК потенцираат дека амбасадорката Брнз остварила и средба со членовите на Главниот штаб за управување со кризи, којшто е во постојано заседавање, при што била информирана и за актуелната состојба и справувањето со пожарите.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Имаме индиции дека пожарот кај Батинци е намерно подметнат

Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површна е затрупана со песок и земја

Од „Дрисла“ демантираат дека повторно имало горење: Обид за дефокус од скандалот во Трубарево

Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, вели Ангелов

Вардариште го чува приватна агенција, Дрисла чади, дејствува ер трактор

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Најтешкиот пожар е оној во Јасен, но пред малку изгубивме контрола и на еден крак од пожарот во Јегуновце