Согласно Заклучокот од седницата на Владата на Република Македонија одржана на 25 ноември, а по повод спроведувањето на акцијата „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина”, 30 ноември 2016 година (среда), е неработен ден, освен за вработените во здравствените институции, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Во сооопштението од МТСП се наведува и дека на денот на акцијата градинките треба да се со вообичаеното работно време.
Датумот за одработување на овој ден дополнително ќе биде определен.