Среба на Спасовски и Чавков со амбасадорите Орав и Путни

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик – министерот за внатрешни работи, Митко Чавков денеска имаа средба со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Аиво Орав и заменик – амбасадорот на САД Бартон Ј. Путни.

Како што соопшти МВР, на средбата била потврдена неопходната потреба од меѓусебна соработка помеѓу сите инстанци во Министерството во насока на успешно справување со предизвиците со кои што се соочува и кои што ќе му претстојат на МВР во наредниот период во насока на осигурување одржување на фер и демократски избори и враќање на довербата на граѓаните во функционирањето на институциите на системот.

На средбата, како што се наведува, била изразена подготвеноста на МВР за развивање на акциски план за дополнителни организациски подготовки во Министерството, а со цел навремена и ефективна соработка со Државната изборна комисија за ажурирање на избирачкиот список.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он