ВИДЕО: Во МНР во тек е средбата Димитров-Коѕијас

Од:

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас ги почнаа разговорите во Министерството за надворешни работи, на кои се очекува да ги разгледаат позициите на Скопје и Атина по меѓусебната размена на нацрт-договори за решавање на прашањето за името.

По тет а тет средбата меѓу шефовите на дипломатиите следуваат пленарни разговори меѓу македонската и грчката делегација.

Двајцата министрите потоа ќе одржат заедничка прес-конференција.

За време на престојот во Македонија, Коѕијас ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, како и од заменикот претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Шефот на грчката дипломатија вчера со владин авион пристигна на скопскиот аеродром, во прва посета на земјата по неговото преименување во Меѓународен аеродром Скопје, како една од отстапките на македонската Влада во процесот на преговорите за името.

Ова е прв пат по 12 години грчки авион да слета на скопскиот аеродром.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија