Срцев удар е причината за смртта на работникот во радовишки „Бучим“

Од:

Срцев удар е причината за смртта на Љупчо Наков, вработен во рудникот „Бучим“ во Радовиш, вели за МИА, заменик менаџерот, Николајчо Николов. Наков бил вработен како возач на цистерна за нафта, но во критичниот момент, на друг возач на цистерна му покажувал каде треба да се движи со цистерната низ рудникот, што е површински коп. Николов реагираше и на лажните вести што се појавија на одредени веб портали за смртта на Наков во радовишкиот рудник.

– Во оваа прилика ми е многу жал што некои портали објавија веќе дека во рудникот „Бучим“ загинал работник, кој паднал од голема висина. Жал ми е што луѓето си дозволуваат да објавуваат такви непроверени информации, при што треба да се има во предвид дека Љупчо Наков има свое семејство и сите кога ќе слушнат ќе се прашуваат што е вистината, вели Николов.

Имено, починатиот работник бил регистриран дијабетичар, а имал и срцеви проблеми. Во моментот кога му се слошило, од страна на медицинската екипа на „Бучим“ е префрлен во Здравствениот дом во Радовиш, каде лекарите констатирале смрт.

Би можело да ве интересира

Изгореа деловен објект и помошна просторија во Радовиш

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Уапсен маж од радовишко, предизвикал пожар кај „Раклишки чаири“

Радовишко село цел месец без вода: Не се издржува на овие топлини, сила немаме

(ВИДЕО) Хаос на турнир во мал фудбал во Радовиш: Општа тепачка, боскови, летаат столчиња