Србинка силувана во Тетово

Од:

Дваесет и четири годишна Србинка од Ниш на 27 овој месец била силувана и ограбена од тетовец кој и помогнал да влезе во Македонија преку див премин.

Како што соопшти МВР вчера околу 10 часот М.Б. (1993) во Полицската станица-Тетово пријавила силување извршено над неа на 27 овој месец од страна на Ј. Џ. од Тетово. Вечерта околу 23 часот, М. Б откако ја преминала државната граница на див премин, Ј. Џ. ја земал со кола и се движеле по шумски пат за село Пирок. Во еден момент истиот застанал со возилото, физички ја нападнал, ја силувал, по што ја донел во Тетово каде и рекол да излезе од возилото и не и дал да си ја земе гардеробата и накитот кои ги носела со себе, по нејзино кажување во вредност од неколку илјади евра.

МВР презема мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Радовишанец силуваше малолетно девојче

Горан Наумовски

Двајца мажи силуваа 32-годишна познаничка

Горан Наумовски

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Пензионер од гевгелиско село силувал 14-годишно дете

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница