Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Од:

Полициски службеници уапсија српски државјанин – криумчар на мигранти, во неговото возило превезувал пет лица од Египет и едно лице од Палестина, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– На автопатот Гевгелија – Скопје, на место викано „Авлаќот“ во Гевгелија, полициски службеници го уапсија М.П.(30) од Република Србија. Полициски службеници извршија контрола на возило „опел астра“ кое го управуваше сега уапсениот, при што се пронајдени шест лица мигранти, од кои пет лица од Египет и едно лице од Палестина, посочуваат од МВР.

Како што се наведува во соопштението на Министерството тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Гевгелија за понатамошна постапка, додека мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија.

Од МВР информриаат дека за настанот е известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Нов анекс-Договор вреден 186 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Пешаци претрчуваа на автопат во Хрватска – двајца се мртви, а двајца тешко повредени

А1он