Кажете кога имате термин, од овој момент па во следните денови, во било кое време на денот и ноќта, кога Вие ќе одлучите, јас Ви стојам на располагање да дојдам кај институцијата Претседател му напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на претседателот Стево Пендаровски во врска со наводниoт скaндал со сексуално мaлтретирање во АРМ. Пендаровски вели дека нема информации за ваков случај.
– Сепак, прво би Ве упатил институционално, односно за истото да се информирате од Министерката за одбрана која од Собраниска говорница ПОТВРДИ дека знаела за изнудите на сексуални услуги од високите офицери, но дека не преземала ништо против нив со што јас ценам дека создала услови дејанијата да бидат повторувани во недоглед. Не сте преземале ниту Вие, со што и Вие создавате услови овие дејанија да продолжат да се повторуваат. Знаете дека офицерите во ранг генерал и полковник се во Ваша директна надлежност и за истото по службена должност требало да Ве информира Министерката за одбрана. Ненавлегувајќи во овој момент во други подробности, не сакам да се сомневам дека таква информација истата ја сокрила од Вас. Лично сметам дека таа Ве информирала, но дека заеднички сте се договориле да го забошотите случајот и да не преземете најстроги дисциплински мерки. Доколку пак министерката не Ве информирала, тогаш тоа е сигнал дека има нефункционалност на комуникацијата помеѓу Врховен командант и Министер за одбрана, а особено поврзана со случки кои може да влијаат и на борбената готовност на АРМ. И во двата случаи – и да сте знаеле (а сметам дека сте знаеле) и да не сте знаеле (како што сакате да изгледа) е подеднакво поразително за Вас, се вели во отвреното писмо од Ковачки до претседателот Пендаровски.