А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СПУКМ: Контра правно е да се окупира универзитет и да се демонстрира незадоволство

by А1он13/02/2015 - 10:0213/02/2015 - 10:38297
Share0

Студентскиoт парламент на УКИМ одлучи да престане да покажува смиреност и разумност во моменти кога, велат, бескурпулозно се гази по дигитетот на нивните членови и излегоа со подолг став објавен на ФБ страната.

Добивај вести на вибер

spukimstrana

Еве што стои во нивниот став:

spukim2

СПУКМ ги замолува сите да бидат воздржани и смирени, што не значи апатични и индиферентни(како што во нашиот случај тоа беше протолкувано) и да не се посегнува во разорување на универзитетската заедница бидејќи последиците во футуристички поглед би биле погубни за секој од нас. Исто така, би ги замолиле сите кои се обидуваат да го дисквалификуваат СПУКМ со интенција да се наметнат како легитимна студентска организација наместо да шират небулози во јавноста да се обидат да разговараат и да се обединат со нас во заедничката борба што ја водиме за подобрување на квалитетот во високото образование и штитење на интересите на студентите.

Иако со Студентски и Професорски Пленум, сме на иста страна и досега многупати ги подржавме нивните активности ( како на пример протестите, барем голем дел од нашето членство) сепак, идејата за окупирање на универзитетот нема да добие наша поддршка. Сметаме дека е контра правно да се окупира универзитет и да се демонстрира незадоволство, истовремено спречувајќи ги другите студенти нормално и редовно да учествуваат на наставата. Учеството на наставата е остварување на правото на образование, а да потсетиме дека во правните акти (Уставот, законите, конвенциите) рамката на слободата за остварување на правото бива спречена од судирот со поединец или група кои имаат слобода на остварување на права повторно се дури не ја загрозат слободата на другиот/другите. Многумина студенти сметаат дека комплетни услови кои вклучуваат мир, стабилност и одржување на поредокот на образовниот систем не смеат да бидат нарушени. А тоа значи и дека не може да се пушта гласна музика и да се зборува премногу гласно, се додека во библиотека има некој кој чита или во предавална некој што следи предавања. Го ослободивме факултетот? Но од што? Од нас самите, можеби затоа што повеќе би сакале истиот да го претвориме во место за игра и песни одошто место за наука. Па да науката е и така здодевна. Но да потсетиме, манифестната и примарната функција на факултетите не е да се претворат во арена за конфронтација на политички ставови и интереси, на факултетите се занимаваме со наука и градиме научен профил. Човекот е хомо луденс, немаме ние ништо против играта но кој сака да се игра нека повели во парк, на факултет не му е местото. Жалиме што многумина професори повеќе се заинтересираа да дадат поддршка за организирање на протести одошто за организирање на научни, студентски конференции. Ваквиот нивен избор не би го толкувале, ниту би прејудицирале за причините да се однесуваат така како што не се очекува од нив (ниту во полето на професионалната ниту во полето на персоналната етика). Од друга страна би биле многу задоволни доколку оваа борба ја истераме на институционален начин и повеќе би се задржале на правење анализи и конструирање на аргументативна заднина отколку да пројавуваме однесување кое од страна би можело лесно да биде протолкувано и како вандалистичко (силни извици, гласна музика, свирење, одржување на говори кои содржински изобилуваат со куп вулгаризми и термини кои не смее да си дозволи да ги користи академски граѓанин кои се бори да ги задржи привилегиите), велат од СПУКМ.

spukimukim

Би можело да ве интересира

Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование пропаѓаат со години, стручна анализа треба да ја одблокира изградбта

Катерина Ѓуровски06/05/2025 - 12:3906/05/2025 - 14:04

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Горан Наумовски01/04/2025 - 15:55

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

Предраг Петровиќ29/03/2025 - 10:09

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Горан Наумовски28/03/2025 - 12:22

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он19/03/2025 - 08:44

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски17/03/2025 - 13:0017/03/2025 - 13:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен