СПУКМ: Кога СДСМ беше на власт не видовме мерки кои гo подобрија стандардот на студентите

Од:

СПУКМ е независна студентска организација која се грижи за интересите на студентите, а не за интересите на политичките партии. Нашата цел е  да се бориме за подобри стандарди  на студентите, се вели во писмената реакција на Студентскиот парламент на прес-конференција на претседателот на СДММ Дарко Давидковски.

Во неа се додава дека секогаш кога има добри мерки за студентите СПУКМ ги поддржува, при што се посочува на мерката за намалување на партиципацијата од 1.200 на 400 евра, отворањето голем број дисперзирани студии на факултетите ширум целата држава, како и мерката за превод на книги од странските автори, кои не биле преведени на македонски јазик.

– Во времето СДСМ кога беше на власт ние не видовме вакви мерки кои директно влијаат на подобрувањето на животот и стандардите на студентите. Се надеваме дека кога СДСМ некогаш ќе дојдат на власт ќе успеат да ги увидат грешките кои ги правеле во минатото на штета на студентите. Неостварената желба на Дарко  Давитковски да постави свое раководство на чело на СПУКМ кое што ќе го користи за борба против власта, а не за интересите на студентите е лично негов проблем и нас не не засега, се вели во писмената реакција од Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО