Спроведено истражување за работата на студентските собранија при УКИМ

Од:

Под наслов „Една година студентски претставници – Анализа на работата на студентските собранија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ Младински образовен форум спроведе истражување за работата на универзитетското и факултетските студентски собранија.

Како што се наведува во соопштението од МОФ целта на истражувањето е да обезбеди анализа на работата на студентските собранија и студентските претставници во изминатата академска година.

-Податоците со кои располага ова истражување се однесуваат до ноември 2020 година, односно една година по официјалното составување на првото универзитетско и факултетските собранија на УКИМ по воспоставувањето на новиот модел на организирање, согласно новиот Закон за високото образование. Резултатите од истражувањето упатуваат на информации дека студентите се информирани и запознаени со работата на нивните факултетски и универзитетски студентски собранија, но речиси половина од нив не се задоволни со работата на универзитетското студентско собрание и сметаат дека нивните студентски претставници не работат квалитетно и транспарентно, соопшти МОФ.

Со цел да се подобри работата на овие тела, Младински образовен форум креирал препораки кои произлегуваат од самото истражување и се однесуваат на подобрување на транспарентноста на работата на собранијата, зголемен и поедноставен пристап до финансиите кои им се достапни на овие тела и подобрување на соработката помеѓу универзитетските, односно факултетските тела и телата на универзитетот.

-Постои значително поместување во транспарентноста и квалитетот на работа меѓу старото претставничко тело и новите студентски и универзитетски студентски собранија, но потребна е дополнителна работа. Јас лично не сум целосно задоволен од работата на собранијата и мислам дека нашата работа можеше да биде подобрена особено во поглед на транспарентноста, внатрешната организација и координација меѓу телата и начинот на кој беа искористени финансиите на овие тела, вели Борјан Ефтимов, претседател на Универзитетско-студентско собрание.

Истражувањето е активност во рамки на проектот „Ангажирање на младите за студентски и младински политики поддржан од Фондацијата Отворено општество- Македонија.

Би можело да ве интересира

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски

Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ поднесоа пријава до Антикорупциска против рекорката Биљана Ангелова

Уписи на УКИМ – слободни 10 473 места за бруцоши на 23-те факултети