Спроведена општа дератизација на подрачјето на општина Кочани

Од:

Согласно Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани за 2017 година е извршена превентивна дератизација на повеќе места во градот и населените места.

Дератизацијата е извршена на Градската депонија и на канализациските системи во градот Кочани како и во селата Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Тркање, Прибачево и Оризари.

– Општата дератизација се реализираше со стручни екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје во координација со Општина Кочани и со технички лица од КЈП „Водовод“, истакнуваат од општина Кочани.

За вкупната дератизација во општината беа употребени 240 килограми кумарински препарати поставени во околу 2 илјади шахти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот