Спротивно на законот претседател на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ извршува две функции

Од:

Директор во ЕЛЕМ-Подружница Енергетика и претседател на советот во општина Илинден. Марјан Милошевски кој воедно е и претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Илинден спротивно на законот извршува две функции.

Во ек на оставки на најблиските соработници на Никола Груевски, тој е носител на две функции.

Потврда дека има судир на интереси се и анкетните листови кои Милошевски ги доставил до Државната комисија за спречување корупција.

На неговиот фејсбук профил има честитки за денот на енергетиката а повод е неговото директорско место во ЕЛЕМ.

11303649_10205457863698782_2122714804_n

Граѓани кои сакаа да останат анонимни до А1 испратија и фејсбук статус на Маријан Милошевски. Според нив скандалозно е што тој ветува вработувања и остава број за контакт но и вели дека помага таму кај што може и кај што има услови.

11261102_10205457863978789_1968880048_n
Поранешната претседателка на државната комисја за спречување корупција, Слаѓана Тасева вели дека е недозволиво едно лице да биде носител на две функции.

„Законот за спречување на судир на интереси го спречува ова прашање. Не е дозволено едно лице да биде носител на две функции во исто време и тоа треба да го провери државната комисија за спречување корупција“, изјави професорката Слаѓана Тасева за А1.

Во минатото неколку високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ под притисок на медиумите се откажаа од извршувањето паралелно по две функции.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина