Спречен шверц на накит вреден 65.000 евра

Од:

Царинските службеници на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје вчера спречија обид за нелегално внесување 1.600 парчиња рачно изработен луксузен сребрен накит – филигран чија вредност на македонскиот пазар би можела да достигне и до 65.000 евра, информира директорот на Царинската управа Ванчо Каргов на денешната средба со новинарите.

– Накитот е откриен кај четворица турски државјани кои вчераутро пристигнале со авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул. По пристигнувањето царинските службеници забележале дека се однесуваат чудно и неприродно, долго чекаа да си го подигнат багажот, а во моментот кога еден царински службеник разговарал со патник брзо се упатиле кон излезот на аеродромот каде поминуваат патниците кои немаат ништо за пријавување. Царинскиот службеник ги застанал четворицата по што ги однел на контрола на скенер и е откриена непријавената стока, рече Каргов.

Прецизира дека станува збор за филигрански накит одлично изработен чија набавна цена е околу 32.000 евра. Досега, како што кажа, накит со таков квалитет не е откриен во Македонија.

– Против четворицата турски државјани поднесена е кривична пријава, а запленетиот накит е привремено одземен и ќе и биде предаден на Агенцијата за управување со запленет имот. Во службениот разговор прекршителите информирале дека накитот требало да го предадат на лице од Гостивар, рече Каргов.

Каргов покажа и две од 288-те детски колички на батерии од кои половината се со лого на „ауди“, а другата половина со „БМВ“ кои мобилните царински тимови ги открија на 1-ви овој месец под сомнение дека се фалсификат и повредуваат право од интелектуална сопственост. Тие се откриени на царинската испостава Тетово во македонски камион натоварен со контејнер полн со колички на батерии со потекло од Кина наменети за фирма-увозник од Тетово.

Каргов информира дека во последните 10 дена Царинската управа на граничните премини за железнички сообраќај открила 20 илегалци од Мали и други африкански земји кои се обидувале непријавено да влезат во земјава.

Би можело да ве интересира

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Царината заплени возило кое пренесувало дрога

Камионџија превезувал суровини за бои и лакови, а под церадата сокрил „БМВ“

Горан Наумовски

Богоев: Преку ефективни реформски политики до поголеми инвестиции и производство со поголема додадена вредност

Горан Наумовски