Спречен шверц на марихуана во Дебарско

Од:

Дваесет и двегодишен албански државјанин, со уште едно лице кое е во бегство се спречени во обид за шверц на марихуана во близина на граничниот премин Блато на македонско-албанската граница.

При акцијата на македонските полицајци, во соработка со албанските полициски службеници, е фатен албанскиот државјанин П.М (22), а другото лице избегало кон село Шулан, Дебарско. Во нива во дебарското село Бањиште се пронајдени 1,975 грама марихуана, спакувана во најлонски кеси кои биле во јутена вреќа.

Против албанскиот државјанин П.М. како и против засега непознатото лице до надлежното основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекузори“.

Би можело да ве интересира

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога