Спречен шверц на голема количина лекови од Македонија за Црна Гора

Од:

На граничниот премин Долно Блаце завчера е спречен шверц на голема количина лекови која требало да се пренесе од Македонија кон Црна Гора.

Како што соопшти МВР, на 17 мај на преминот „Долно Блаце“ на излез од Македонија, во патничко моторно возило „Шаран“ со македонска национална ознака е пронајдена поголема количина лекови која требало да се пренесе од Македонија кон Црна Гора.

Околу 19.20 часот на излез од граничниот премин со возилото „Шаран“ се пријавиле пет лица, при што од страна на полициски службеници возилото било селектирано за дополнителни проверки.

При проверка на возилото и личниот багаж во три куфери сопственост на А.Х.(53) од Црна Гора била пронајдено поголема количина на лекови: Efridol, Aerus, Lexilium, Diazepam, Trodon, Amoksiklav, Edemip, Xanax, Xenical, Levitra, Rovamicine, Kreon, Viagra, Regnyk, Testosteron и Kenaglog.

За лековите лицето не поседувало никаков документ, а лековите не ги пријавил во царинска контрола за излез од Македонија. З.Ј., кој го управувал возилото и А.Х. се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

Турчин со македонско возило шверцувал мигранти од Грција

Косовската полиција заплени шверцувана стока од Македонија вредна 120.000 евра

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на нафта од македонска на албанска територија