Спречен шверц на бумбари за опрашување растенија

Од:

На царинската испостава Гевгелија вчера, при контрола на комбе со македонски таблички, покрај пријавените 3.600 бумбари за опрашување растенија, (60 кутии по 60 бумбари), пронајдени се и 240 непријавени бумбари (4 кутии по 60).

Како што соопшти Царинската управа, непријавените бумбари се одземени и предадени во надлежност на Агенцијата за управување со одземен имот. Во тек е постапка за нивно отстапување на Факултетот за земјоделски науки и храна.

За пријавените 3.600 се уште не е обезбедена потребната дозвола од Ветеринарниот институт поради што се задржани во испоставата.

Бумбарите, наменети за фирма увозник од Скопје, се користат за опрашување растенија во пластеници за побрз процес на производство на зеленчук. Се транспортираат во специјални картонски кошници. Во секоја кошница има по 60 бумбари доволни за опрашување еден поголем стакленик. Порано производителите за оваа намена ги корсителе медоносните пчели, вршеле рачно опрашување или употребувале хемикалии, зависно од културата. Сите овие методи имаат многу недостатоци, па затоа опрашувањето со бумбари е најприроден и најбрз процес. При увозот е потребна дозвола која се вади на влез во државата.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини