Спречен шверц на 516 делови за камиони и едно АТВ возило

Од:

Вкупно 516 различни делови за камиони и едно АТВ возило се запленети од страна на царинските службеници на граничниот премин Богородица и на царинска испостава Струмица.

Обидот за нелегален внес на делови за камиони е откриен од царинските службеници на влез на граничниот премин Богородица. Возачот на камионот, против кој е поднесена прекршочна постапка, се обидел да ги прошверцува деловите за камиони, криејќи ги во различни делови на возилото.

За време на контролата, во внатрешноста на задните седишта, под и помеѓу седиштата, и во багажникот кај резервната гума се пронајдени вкупно 516 различни делови за камиони.

Меѓу непријавените делови се комплети плочки за кочење, лед фарови, задни штопови, кочиони цилиндри, стакла за фар, сетови кумплуг, разни светлосни обележувачи за приколки, како и други делови.

Во друг случај на царинска испостава Струмица е запленето едно АТВ возило, кое е откриено од страна на царинските службеници при контрола на стока пријавена за увозно царинење.

Возилото кое не е опфатено со увозната декларација е задржано, а против увозникот е поведена прекршочна постапка.

Би можело да ве интересира

Возат Тесла и БМВ со странски таблици без да ги царинат: Запленети 22 луксузни автомобили

Катерина Ѓуровски

Обид за шверц на апарати за коцкање преку царинската испостава Гевгелија

Спречен шверц на стоматолошка опрема, цигари, икони и зачини

А1он

Србин уапсен на Табановце, шверцувал папагали

Женски чанти и куфери запленети на Меџитлија

Катерина Ѓуровски

Запленети 18 илјади, патници се обиделе нелегално да ги пренесат преку граница