Спречен шверц на 29 килограми марихуана на Блаце

Од:

Царинските службеници на граничниот премин Блаце спречија обид за шверц на 29 килограми марихуана од страна на албански државјанин, кој со возило патувал за Германија.

Како што соопшти Царинската управа, синоќа околу 22:30 часот, на граничниот премин за влез во Република Македонија се пријавил Б.Г. (26), управувајќи патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, во кое како сопатници патувале уште три лица сите од Албанија. Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи – мобилни тимови го селектирале возилото за детален преглед откако се посомневале во изјавата на патниците дека немаат ништо да пријават за царинска контрола и дека патуваат за Германија.

– При контрола на возилото, во која било користено и царинско куче, царинските инспектори забележале одредени неправилности на подот од возилото. По отстранувањето на седиштата и теписонот од подот на возилото, забележале дека лимот е свежо обоен и дека по целата должина под подот од возилото има специјално направен бункер, наполнет со вкупно 29 пакетчиња со наркотична дрога марихуана со вкупна тежина од околу 29 килограми. Дрогата требало да биде однесена до Германија, а нејзината цена на западно – европскиот пазар би достигнала вредност од околу 120.000 евра, се наведува во соопштението од Царината.

Случајот е предаден на инспекторите од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кои по собирање на сите докази, до надлежното Јавно обвинителство ќе поднесат кривична пријава против осомничениот Б.Г., поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекрусори“.

Изминатиот месец, царинските службеници во четири одвоени случаи заплениле речиси 65 килограми марихуана.

Би можело да ве интересира

Цариници запленија 94 пара патики и 620 електронски цигари во товар со пченка

А1он

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Алиу: Одземени се лиценците на шест компании кои одгледуваа марихуана за медицински цели

Горан Наумовски

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана