А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Спречен шверц на 18 килограми марихуана на Ќафасан

by А1он28/12/2013 - 16:5320/11/2015 - 12:42106
Share0

Македонските цариници на граничниот премин Ќафасан синоќа спречија шверц на 18 килограми марихуана, чија вредност на западноевропскиот пазар достигнува до 80 илјади евра.

Добивај вести на вибер

Како што информираат од Царинската управа во 20 и 30 часот за влез во државата се пријавило патничко моторно возило со германски регистарски ознаки управувано од лице италијански државјанин со иницијали С.К. При извршена царинска конторла, во фабричките шуплини од возилото во предниот и задниот браник, како и во двете предни крила, царинските службеници пронашле 17 пакувања обвиткани со самолеплива трака, наполнети со непозната растителна материја со зеленкаста боја, со вкупна тежина од 18 килограми. Непознатата тревкаста материја на тестер за психотропни супстанции НИК покажала присуство на марихуана.

С.К. дрогата ја набавил од лице од Албанија со намера да ја превезе преку Македонија со крајна дестинација Германија каде осомничениот живее и работи 26 години. Пред да тргне од градот Фиер неговиот другар кој е албански државјанин на еден лист хартија му го нацртал патот и државите низ кои требал да помине за да ја пренесе дрогата до крајната дестинација. На листот со рака биле нацртани државите Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија.

Цената на западноевропскиот пазар за каде била наменета запленетата марихуана се проценува на 40 илјади евра, додека во малопродажба може да достигне и до 80 илјади евра. Уживателите за еден џоинт употебуваат 1 грам марихуана кој го мешаат со тутунот од цигарата. Во конкретниов случај од 18 илјади грама се изготвуваат 18 илјади „џоинти“.

Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен судија на претходна постапка.

Од почетокот на годината, заедно со овој случај откриени се вкупно 24 обиди за пренос на марихуана преку македонската граница, при што се запленети над 720 килограми марихуана. Со ова, Царинската управа спречила да се продадат над 721 илјади „џоинти“ со што во малопродажба на македонскиот на нарко пазар би се заработиле 2.344.715 евра.

mvr

Би можело да ве интересира

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор

Предраг Петровиќ02/08/2025 - 10:38

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

Катерина Ѓуровски01/08/2025 - 11:38

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски29/07/2025 - 13:3329/07/2025 - 13:34

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

Горан Наумовски24/07/2025 - 14:08

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

Горан Наумовски23/07/2025 - 11:16

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Горан Наумовски23/07/2025 - 10:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен